Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, обезбедувањето ги избрка новинарите од ходникот.
Обезбедувањето од МВР на новинарите што седеа во ходникот и чекаа да заврши седницата, откако претходно не беа пуштени, им рече да се тргнат зошто така им било кажано.
Претседателката на дисциплинската Комисија, Валерија Атанасова на новинарите им рече дека не е дозволено да седат на седницата.
Седницата е закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери на Државниот универзитет во Тетово.