среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новинарка на БНТ отиде во Ќустендил на адресата на „Беса турс“: Фирмата нема автобуски превоз

Новинарка на БНТ отиде во Ќустендил на адресата на „Беса турс“: Фирмата нема автобуски превоз

Новинарка на Бугарската нациоанлна телевизија денеска отиде во Ќустендил, на адресата која македонските медиуми ја посочија како адреса на коа во Бугарија е регистрирана „Беса турс“ од Македонија, во чиј автобус утрово на автопатот „Струма“ загинаа 45 патници. Таа на адресата најде постара болна жена. Сопственикот на станот на таа адреса вели дека има совпаѓање на имињата на фирмите, но дека таму регистрираната фирма нема ништо заедничко со автобуски превоз.

Сопственикот на станот во станбена зграда рече дека има „просто совпаѓање на имињата на фирмите, но фирмата која е регистрирана со тоа име се занимава со превоз на стоки и нема ништо заедничко со автобуски превоз“.

Најнови вести