Да си кажам дека планирам да одам да протестирам против одлуката на Владата да го прифати овој срамен и понижувачки предлог на Париз (Софија). И никој да не одеше, јас бездруго ќе отидев. Ако треба и сам. Затоа што овој предлог не е добар за Македонија. Затоа што унилатералните проблеми што ги има Софија со нас, прифаќаме да станат европски проблем, дел од копенхагенските критериуми и дел од преговарачката рамка, стои во Фејсбук статусот на долгогодишниот ТВ новинар и уредник, Атанас Кировски.
Тој напиша дека овој француски предлог не е паднат од небото, и дека е убеден дека некој ги урнисувал нашите позиции со месеци, за да стасаме од португалски ( релативно поволен) до француски ( комплетен дебалк за македонската дипломатија).
– Јас сум бил, и ќе останам партиски неопределен. Но, немојте да ме убедувате дека црното е бело. Едноставно, ми ја навредувате интелигенцијата, додаде тој во својата објава.