По налог на ОЈО, утре во 12 часот сум на разговор во полиција затоа што како уредник на “Лидер” ја објавив снимката на која се слуша како градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, киднапира и тепа човек, пишува новинарот Љупчо Златев на Фејсбук.
-Да драги, според обвинителството на Јолевски, не е проблем тоа што овој крвник тепал човек, проблем е што некој го снимил и снимката ми ја дал мене. Изворот никогаш нема да го откријам. А Јовески, кој буквално е во љубовна врска со власта, нема да ме замолчи и покрај тоа што неговите политички ментори го бараат тоа од него во предизборието!, додава Златев.