понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Новиот француски амбасадор Бомгартнер во посета на Општина Берово

Новиот француски амбасадор Бомгартнер во посета на Општина Берово

Во работна посета на Општина Берово денес попладнето престојуваше францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Новиот амбасадор на Француската Републлика на првата средба со градоначалникот Звонко Пекевски разговараше за конкретните чекори што се преземаат во насока на интензивирање на билатералната соработка, помеѓу нашата држава и Франција, во делот на унапредување на односите со општините.

Бомгартнер истакна задоволство од досегашната соработка на неговите претходници при што го потенцираше зголемениот интерес на француски компании за инвестирање во земјава со што според него ќе се отвори широко поле за соработка во повеќе области со општините, од кој како најважна за општина Берово ги посочи инвестициите за развојот на еко туризмот.

Во наредниот период најави зголемена поддршка за општините во реализација на поголеми инфраструктурни проекти.

Градоначалникот Пекевски, изразувајќи благодарност за поддршката во евроатланските интеграции, како и за досегашната соработка на Бомгартнер му ја претстави Општина Берово како и можностите за развој преку европските фондови, кои според него се од големо значење за реализацијата на проектите за современа инфраструктура.

Реализираа заедничка посета на Домот за стари лица ,,Д-р Иван Влашки”, кој е во очекување на втората донација од медицинска опрема од Асоцијација Алзас- Македонија (АЛМА) од Република Франција, како резултат на успешната соработка со Француската Амбасада.

Најнови вести