сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новиот клинички центар во Белград ќе чини четири пати помалку од македонскиот: 400 соби и 1.000 кревети изграден за само 125 милиони евра

Новиот клинички центар во Белград ќе чини четири пати помалку од македонскиот: 400 соби и 1.000 кревети изграден за само 125 милиони евра

За само неколку месеци или во септември годинава во Белград ќе биде отворен новиот клинички центар кој ќе биде најголем во државата со вкупно 432 болнички соби и 1.000 кревети.

Претседателот Александар Вучиќ неодамна изјави дека оваа инвестиција ќе чини околу 125 милиони евра и ќе се гради во две фази, првата фаза ќе чини 69 милиони евра, додека другата 43 милиони евра.

Парадоксално за македонската јавност е тоа што за исти ваков клинички центар македонската влада ќе плати четири пати повисока цена.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста велат дека најкорумпираната влада во Европа, предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче сакаат да градат клинички центар што ќе чини повеќе од половина милијарда евра. Тоа е четири пати повисока цена од оној што во моментов се гради во Србија.

-Овој што се гради во Србија и е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар и чини верувале или не 125 милиони евра. Тоа е четири пати пониска цена од она што сака најкорумпираната влада во Европа, владата на Заев да го потроши за клинички. Ова што го планираат Заев и Филипче е само пљачка на народот. Ова што го планираат Заев и Филипче е уште еден криминал во низата на Заев и Филипче, велат од партијата.

Од таму додаваат дека тие трчајќи по провизии и заборавајќи на граѓаните и нивното здравје го оставија на страна проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички, а ако продолжеа со истиот сега ќе беше готов.

-Заев и Филипче не прават ништо друго освен што го ставаат на коцка здравјето, но и животот на граѓаните. Четири години украден живот. Доста е! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка на народот!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести