среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новиот Клинички ќе биде поблизу до Тетово и Гостивар од Аеродром и Драчево

Новиот Клинички ќе биде поблизу до Тетово и Гостивар од Аеродром и Драчево

Ако сега се потребни половина час во периодот кога има најгуст сообраќај за да се стигне до Комплексот „Мајка Тереза“, до новиот Клинички кој допрва ќе се гради, на граѓаните од Драчево, Лисиче, Аеродром, ќе им биде потребен најмалку еден час за да дојдат до Веле Поле во скопско Ѓорче Петров, местото на кое според најавите, ќе никнат новите клиники. Но по автопат, лесно ќе им биде достапна на граѓаните од западна Македонија, анализира ТВ Алфа.

Наместо предвидената сума од околу 120 милиони евра, парите потребни за реализација на проектот рипнаа на 480, а властите допрва ќе размислуваат за кредит. Според министерот, темелите на Клинички ќе се удрат годинава, а центарот би бил готов за околу пет години.

Сепак, граѓаните се скептични во однос на ветувањата за времетраењето на изградбата, а и за самото започнување на проектот. Во меѓувреме, тие се жалат на хаосот и лошиот пристап до комплексот Клиники, а вината, освен кај властите, ја бараат и кај себе.

Најнови вести