четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Новиот концепт е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина“

„Новиот концепт е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина“

Таканаречената новата концепција за основно образование е се само не концепт за образование. Учениците и наставниот кадар повторно се притиснати во положба врз нив да се вршат опити. Според презентираното, ниту е “постигнат концепт” ниту пак е тоа во некаква близина до финскиот модел. Ова е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина. Оваа концепција не соодветсвува со ниедна образовна во светот, реагираат од Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што во време кога се оспорува нашиот идентит, јазикот и историјата на Македонија, гледаме дека предметот историја се интегрира во општествени науки, заедно со дел од географија и граѓанско образование. Да ли ова значи кратење на наставните програми по историја и да ли ова значи прилагодување на историјата кон политичките потреби на СДСМ? Ќе ја избришеме ли целата македонска историја? Зошто учениците во новата концепција, не би имале барем една година национална историја, како што има во други земји? И  во финската програма постои Историја како водечки предмет со социјални студии од 3 то до 9 то додделение. Оттука, по чиј налог и “програма” е избришана историјата како предмет? Ако министерката постојано тврди дека може да обезбеди онлајн наставата непречено  во 90%, како тоа не може да обезбеди одговор на анкетата од сите засегнати страни за вакво клучно прашање? Како на толку важна анкета и одговориле само околу 16%, истакнуваат од Комисијата.

Од таму ги поставуваат прашањата:

Каде се резултатите од учениците и дали тие имаат ставови, дали се анкетирани тие?

Каде се резултатите од родителите и нивните ставови?

Каде се одговорите од стручните служби во училиштата?

Каде се директорите?

Каде се мислењата на професорите од наставничките факултети?

Каде се искуствата од други земји за ваква интеграција на предмети?

Не се спомнати наставничките факултети, што правиме со кадарот како што се физичари, математичари или хемичари?

-До сега презентираното е чист популизам и личен ПР на Мила Царовска во најтензичниот општествен период од македонската понова историја. Будно ќе го следиме секој чекор во развитокот на концепцијата, порачуваат тие.

Најнови вести