недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новогодишна кампања на СОС Детско село „Место со срце“

Новогодишна кампања на СОС Детско село „Место со срце“

Веќе традиционално, втора година по ред, и овој декември на 27-ми, 28-ми и 29-ти поголем број ресторани и кафетерии ќе се трансформираат во „Место со срце“ и ќе бидат дел од Новогодишната кампања на СОС Детско село Македонија. Нивната цел ќе биде во овие празнични денови да се поттикне хуманоста, подарувањето радост и Скопје да се исполни со новогодишен дух.

-Ве повикуваме да го испиете своето омилено кафе, или пак го нарачате вашиот омилен оброк во едно од Местата со срце: Ресторан Градина, Гет кафе, Ресторан Гет, Пастрмајлија Грил Хаус, Сендвичара 7-ца, Пелистер, Локал 45, Кафе Круг, Скопски мерак, Кантина, Кафе Галери, Play café, Bella Vista, Soul Kitchen, Диван Бистро, игротека Имагинариум, Ли кафе, City Hall, Ресторан де Гама, Енрико, Вели иф, Рустикана 2.0, Brown Sugar bar, Baking Bread, Игротека Авантура, Fashion Lounge bar, Diamond Restaurant и Дамил кои ќе го поддржат СОС Детско село во неговата мисија „Ниту едно дете не треба да расте само “. На тој начин и Вие ќе ја дадете својата поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние кои се во ризик да ја загубат грижата од своите родители, соопштуваат од СОС Детско село.

Но, од СОС Детско село сѐ уште го поставуваат прашањето, „Кое е твоето место со срце?“ и за да го дадете одговорот, но и да ја споделите оваа акција може да ја посетите официјалната фан страна на: https://www.facebook.com/mestososrce/

Минатата година, како што информираат, благодарение на сите кои се вклучија во „Место со срце“ за СОС Детско село беа собрани околу 130.000 денари. Средствата беа наменети за едукативниот процес на повеќе од 150 деца и млади, без родителска грижа и социјални ризици, на училишна возраст.

Најнови вести