четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НСП: Веднаш да престанат притисоците и вознемирувањето на колегите кои протестираа

НСП: Веднаш да престанат притисоците и вознемирувањето на колегите кои протестираа

Независниот синдикат на полицијата денес објави дека дел од нивните колеги кои во средата присуствуваа на протестот се соочиле со притисок на работното место.

-Независниот Синдикат на Полицијата НАЈОСТРО ги осудува притисоците кои деновиве ги прават некои од највисоките раководители во поедини Сектори за внатрешни работи во МВР, во однос на излегувањето на дел од колегите на протестот организиран на НСП на ден 02.10.2019 година. Воедно испраќаме ЈАСНА И НЕДВОСМИСЛЕНА порака притисоците веднаш да сопрат, да сопре вознемирувањето што им се нанесува на колегите кои ја дадоа поддршката да излезат на протестот, велат од НСП.

Од Синдикатот го повикуваат Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски веднаш да ги провери овие наводи и да придонесе истите да престанат.

-Правото за слободно изразување на волјата и мислата е УСТАВНО загарантирано ПРАВО. Тоа на сите треба да им е јасно. На крај УПАТУВАМЕ порака до сите колеги кои излегоа и ни дадоа несебична поддршка од извршениот протест: “Немојте да подлегнувате на притисоци, борбата за подобри права и ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА е многу поголема отколку заканата од било кој началник на СВР или негов подреден. Било, каква закана или уцена за горенаведеното Ве охрабруваме да ја пријавите на нашата адреса: [email protected]. За Вас господа раководители, да ве информираме дека насобраните неколку изјави од вршењето на притисок према нашите членови зошто излегле на протестот веќе од наредниот ден ќе бидат проследени до надлежните органи, децидни се од Независниот синдикат на полицијата.

Најнови вести