Наќе Чулев, актуелниот министер за внатрешни работи во техничката влада, на функција е уште оваа недела, кога ДИК се очекува да ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори. До изборот на новата влада, Министерството ќе го води Агим Нихуи, кој беше заменик на Оливер Спасовски. Нухиу раководеше со МВР и по парламентарните избори во 2016 година.
И Славјанка Петровска си оди од местото дополнителен заменик министер.
Исто така, од функција заминуваат и заменските кадри од ВМРО-ДПМНЕ од министерствата за земјоделство, за информатичко општество и администрација и за финансии. Министрите Димковски и Манчевски ќе продолжат да ги водат ресорите. Манчевски ќе биде истовремено и пратеник, додека не се избере новата Влада.
Оливер Спасовски ќе остане технички премиер, а и тој ќе биде и пратеник, со право на глас кога ќе се избира новиот Парламент и новата Влада.