среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нуркачите од „Амфора“ го следат мрестот на охридската пастрмка

Нуркачите од „Амфора“ го следат мрестот на охридската пастрмка

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид секоја вечер го следат мрестот на Охридската пастрмка од почетокот на декември до крајот на февруари.

Ваквиот чин, како што посочуваат од Нуркачниот центар, го прават веќе десеттина години, а пред почетокот на мрестот нуркачите го чистат езерското дно од цврст отпад.

– Овој исконски ритуал, кој се поврзува со самото настанување на езерото е привилегија за нуркачите од „Амфора“, кои пред мрестот ги чистат местата од цврст отпад и нечистотии на длабочина од два до 40 метри за да можат пастрмките на чист терен да ја положат икрата, соопшти претседателот на Центарот Јован Секулоски.

Нуркачите, посочи тој, ги следат навиките на пастрмките и ги документираат со подводни фотографии и видео материјал, со единствена цел заштита на популацијата на Охридската пастрмка.

Најнови вести