О2 иницијативата денеска преку статус на Фејсбук пишува дека со помош на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поставени нивните предлози за измени во Буџетот во насока на намалување на аерозагадувањето и решавање на жешките точки.
-Денеска започна претресот по Предлог-Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет на Собранието. Претресот ќе трае до 10 работни дена.
Ние поднесовме наши предлози за измени во Буџетот во насока на намалување на аерозагадувањето и решавање на жешките точки. Од парламентaрната група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени, пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе поднесат амандмани по нашите предлог-измени.
Ќе видиме колку министерот за финансии Fatmir Besimi ќе има слух за здравјето на граѓаните и обезбедување на поголеми средства за намалување на загадувањето и колку членовите на комисијата ќе усвојат од предложените амандмани.
Ќе го следиме претресот и ќе известиме за исходот, а ќе го објавиме и предлог-буџетот за 2021, наменетите средства за животна средина и аерозагадување и нашите предлози за да видиме некаков ефект, а не повторно со промили да се мерат поместувањата во оваа животозагрозувачка област, стои во нивниот пост на Фејсбук.
Денеска започна претресот по Предлог-Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет на Собранието….
Posted by O2 Иницијатива on Вторник, 24 ноември 2020