Личното обезбедување што МВР по препорака на Агенцијата за национална безбедност го доби екс министерот за здравство Венко Филипче според експерти за лично обезбедување може да чини и над стотина илјади евра за период од 180 дена.
Овие суми според експертите кои инсистираат на анонимност поради страв од одмазда, се аплицираат ако за него нема специјални дополнителни мерки кои чинат уште повеќе.
Според основните протоколи за лично обезбедување во заштитата на Филипче треба да учествуваат најмалку 4 а може да бидат и до 20 луѓе. Бруто плата на еден вработен во МВР од службата за лично обезбедување на функционери со се дополнителните трошоци е околу 1000 евра бруто месечно без трошоци за техничките средства и возила, пишува Експрес.мк.
Ако во текот на 24 часа тројца агенти на МВР се менуваат на смена за чување на Филипче а еден одмара тоа значи дека само за неговото обезбедување ќе бидат потрошени ресурси кои чинат над 20 илјади евра само за агентите.
Целиот текст прочитајте го на Експрес.