Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2023 година. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 јуни 2023 година, соопшти денеска Министерството за култура.
-Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура.
Државната награда се врачува во Собранието на 8 Декември – Ден на св. Климент Охридски. Државната награда „Св. Климент Охридски“ првпат е доделена во 1969 година. (МИА)