Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година.
На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ – нови бараки и трета зграда, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Хилјадников“, „Логос“ и „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид и „Орде Чопела“ во Прилеп.
Приговор на резултатите секој студент може да поднесе директно во студентскиот дом каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите.