понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството го истражува митото на заменик министерот Муса

Обвинителството го истражува митото на заменик министерот Муса

Основното јавно обвинителство во Струга отворило предмет за случајот, и во рамки на предистрагата со меѓунардона помош ќе се бараат оригиналните снимки на кои се гледа како министерот зема 50 евра, а од прес службата на обвинителството рекоа дека ќе биде земен и исказ од заминик министерот.

На албанската телевизија Топ ченел беше објавена снимка на која се гледа заменик министерот Асим Муса како добива 50 евра, како што објавија новинарите, за да организира операција на пациент од Албанија (новинар со прикриен идентитет).

Муса денеска се повлече од функцијата и рече дека станува збор за стапица и медиумско дивеење со бомбастични наслови и дека не се точни наводите на прилогот.

Најнови вести