четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството го повлече обвинението за починатата Тамара Димовска

Обвинителството го повлече обвинението за починатата Тамара Димовска

Обвинителството реши да не ги гони поранешните директори на Фондот за здравство за девојчето Тамара Димовска од Велес, објави Телма. Обвинението против директорите од тоа време Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази денеска е повлечено, како и тоа против претседателката на Управниот одбор на фондот во тоа време, Елена Трпковска.

За другите 9 доктори што биле дел од комисии во Фондот кои одлучувале за лекување во странство наместо за несовесно работење во службата, Обвинителството решило да ги гони за дело од член 86 б став 2 во врска со став 1, од Законот за здравствено осигурување. Со ова преиначување, делото застарува и Кривичниот суд има само една опција – да го затвори предметот, пишува Телма.

Осумгодишната Тамара почина во 2015 година додека за неа се водеше процедура да и биде одобрена операција во странство. Операцијата не можеше да се изведе во Македонија и затоа се водеше постапка девојчето да се лекува во некоја странска болница на држвна сметка.

Кривичната пријава по смртта на Тамара ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права со мајката на Тамара, Жаклина Димовска, а со неа опфатен беше и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.

Инаку тогашната опозициска партија СДСМ на чело со Зоран Заев буквално направија цела пи-ар кампања на сметка на починатото девојче за кое обвинителството сега го повлече обвинението.

Најнови вести