четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството и по три месеци не постапува по пријава за случајот на малата Амила

Обвинителството и по три месеци не постапува по пријава за случајот на малата Амила

Три месеци, таткото на двегодишната Амила Несимовска од Дебар, Бајрам Несимовски очекува јавното обвинителство во Струга да почне да се занимава со случајот на неговата ќерка.

Амила има нарушување откако е родена, не зборува и не ги распознава родителите или братчето, а Несимовски се сомнева дека ова е резултат на лекарска грешка која настанала при породувањето во струшката болница. Според документацијата што тој ја добил од детската клиника, Амила добила породилна асфиксија односно останала без воздух при породувањето во 2018 година.

Сопругата на Бајрам, Сенида, имала уредна бременост но и било кажано дека околу вратот на бебето има обмотана папочна врвка и дека треба да се изврши породувањето во Струга.

Повеќе прочитајте на Слободен печат

Најнови вести