среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обвинуваа за превработеност, а сега ја полнат администрацијата со партиски кадри!

Обвинуваа за превработеност, а сега ја полнат администрацијата со партиски кадри!

СДСМ и Заев, порано обвинуваа за превработеност, а сега забрзано ја преполнуваат администрацијата со нови вработени.

Само во последните неколку дена се објавија неколку огласи за вработување во државната и јавната администрација, за кои се предвидени над десетици илјади евра.

Денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција, премиерот Зоран Заев проба да се брани, односно посочи дека огласите се за испразнети работни места во институциите и јавните претпријатија.

Се работи на почеток на година за испразнети места. Тие се испразнети во второто полугодие и само дел од нив пополнуваме. Можете да направите споредба на бројките со претходната влада. Работиме со помалку бројна јавна администрација – рече Заев.

Но од позиција на власт, СДСМ спроведува сосема друга политика кој воопшто не се совпаѓа со она што го ветуваа и зборуваа.

Имено, министерот за информатичко општество и администрација од СДСМ Дамјан Манчевски на 5 февруари минатата година во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека администрацијата е превработена, охрабрувајќи ги државните службеници дека нема да има отпуштање од работа, туку дека од наредната година вишокот на администрацијата ќе се понуди на приватниот сектор.

„Бројката што се добива е приближно точна, но не целосно точна. Администрацијата е превработена, но дека и покрај тоа нема да има отпуштања од работа, туку од наредната година вишокот на административци ќе се понуди на приватниот сектор кој за превземањето ќе добие субвенции“, кажа министерот.

Она што е нејасно е што Заев и СДСМ во опозициските денови не пропуштија ден а да не обвинат за пренатрупување на администрацијата од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, додека сега масовно објавуваат огласи.

Најнови вести