петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оценето негативно барањето за регистрација на клуб со името Цар Фердинанд од советодавното тело

Оценето негативно барањето за регистрација на клуб со името Цар Фердинанд од советодавното тело

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд.

Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

– Тој владее со Бугарија во 19 и 20 век, ја спроведува Бугарија во три војни кои за Македонија се со девастирачки карактер, поради тоа сè уште има спомени во населението на Македонија дека ова не може да се смета за позитивно и да се даде позитивно мислење, рече Петровски.

Петровски посочи дека нивното советодавно мислење ќе биде доставено до Министерството правда, кое, потоа ќе одлучува по него.

Најнови вести