По обидите за манипулација со гласачите кои луѓе блиски до СДСМ ги прават на социјалните мрежи, остро реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Последен и очаен обид на СДСМ.
Губат и им тече низ ногавици.
Граѓаните знаат дека секое шкртање на ливчето, освен заокружување на редниот број, ќе биде неважечко. Исплашени се и очајни! Граѓаните знаат дека треба само 14 да заокружат и ништо повеќе. Сосема доволно за Заеви да одат во затвор!
Толку ви е, готови сте!
Следи Обнова на Македонија!
Да живее Република Македонија“-порача тој.
НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ ГРАЃАНИНОТ ТРЕБА ДА ГО ЗАОКРУЖИ САМО БРОЈОТ НА ОПЦИЈАТА ЗА КОЈА ГЛАСА. СЕКОЕ ДРУГО ЗАОКРУЖУВАЊЕ И ШАРАЊЕ ЌЕ ГО НАПРАВИ ВАШЕТО ЛИВЧЕ НЕВАЖЕЧКО.