недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Очајнички потег на Заев: Членови и аналитичари вака го коментираат внесувањето на Саздовски и Жерновски во раководството на СДСМ

Очајнички потег на Заев: Членови и аналитичари вака го коментираат внесувањето на Саздовски и Жерновски во раководството на СДСМ

Вистинска канонада од негативни реакции беа упатени од видни членови на СДСМ и аналитичари блиски до власт кон партијата, по одлуката на истата за нови членови на ЦО да ги именува Чедо Саздовски, поранешен член на ГРОМ и Андреј Жерновски, поранешен претседател на ЛДП.

Бројни се критиките за тоа како Саздовски и Жерновски, како луѓе од други партии станаа  функционери во највисокиот партиски орган на партијата на власт. Од поранешни функционери на партијата стигна и критика дека чинот на ЦО е нестатутарен, односно дека чинот на именување е спротивен на Статутот на партијата.

Исмевање  и критика за новите кадровски решенија дојдоа од провладиниот колумнист, Сашо Орданоски, кој во својата колумна овој чин го нарече “Топ – Шоп политика“.

– Ха-ха-ха-ха-ха… Уште не можам да се сопрам од смеење на веста дека Чедомир Саздовски станал член на Централниот одбор на СДСМ… Ха-ха-ха-ха-ха… Ајде што мислам дека е некоректно кон Либерално-демократската партија што и Жерновски станал член на ЦО на СДСМ, но ова со Саздовски е врв на непристојноста што само СДСМ може да ја приреди! Пишува Ордановски.

Ордановски понатака пишува дека за именувањето не било немало никаква дискусија.

Порнешниот претседавач со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, по поставувањето на Жерновски на својот ејсбук профил напиша:

„Баш ме интересира со што Жерновски го задужи СДСМ? Што Жерновски направи за членовите на СДСМ-Центар. Вработување 5 ЛДП од кои 2 на раководни функции, 7 СДСМ сите курири, заврши ли некому работа? Сослуша ли некого? Напротив, се однесуваше со толку потценување кон и за членовите на СДСМ Центар. А да, имаше мерак за шетање по светот со општински пари“, напиша Шиповиќ на својот фејсбук профил.

Поранешната пратеничка од СДСМ од Битола во времето на  Црвенковски, на својот Фејсбук профил пиша дека одлуката за именување на Жерновски и Саздовски е нестатутарна и дека Надзорниот одбор на партијата треба да ја оцени ваквата одлука.

Бобан Карапејовски од СДСМ исто така револтиран од чинот на партијата го изрази својот револт на својот фејсбујк профил.

Имено на социјалните мрежи веќе кружи видеото од кое се гледа како Чедо Саздовски од партиски митинг на сега веќе поранешниот коалиционен партнер, ВМРО-ДПМНЕ за време на локалните избори за сега неколку месеци потоа да го гледаме во СДСМ.

Поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ,  Ивор Мицковски, на својот Фејсбук профил по именувањето напиша дека и Жерновски и Саздовски, но и тие што ги примиле се  луѓе без кичма.

Ваквиот епилог на настаните уште од пред три недели го предвиде поранешната пратеничка од редовите на СДСМ  и претседател на градската организација на таа партија, Софија Куновска.

Но ова не е се, „Фокус“ пишува дека Жерновски е можно решение на СДСМ за директор на АЕК  (Агенцијата за електронски комуникации .

Голем е револтот и во базата помеѓу обичнот членство, кои сега за шефови ги имаат некогашните лути ривали и политички соперници.

Најнови вести