среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од 10 до 16 часот: Комплетно затворање на патот од брана Маврови Анови до ресторан Трница

Од 10 до 16 часот: Комплетно затворање на патот од брана Маврови Анови до ресторан Трница

АМСМ информира дека согласно одобрението издадено од страна на Министерството за Транспорт и Врски, “ВИАДУКТ ТРЕЈД” ДООЕЛ Гостивар известува дека почнувајќи од денес 14.06.2022 година од 10 до 16 часот, во наредните 45 дена ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница.

Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.

Најнови вести