Во јули годинава се издадени 422 одобренија за градење, што е за 5,4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најмногу одобренија има во Југозападниот и во Скопскиот регион, 98 односно 97, по што следат Полошкиот со 71, Источниот, 47, Пелагонискиот, 40, Југоситочниот, 35, Вардарскиот со 29.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 206 757 000 денари, за 37,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 250 (59,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 46 (10,9 проценти) од нискоградба и 126 (29,9 проценти) за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 81 059 метри квадратни. Во Скопје ќе се градат вкупно 301 стан, од кои 132 во Чаир, 60 во Центар, 40 во Карпош, 36 во Гази Баба, 16 во Аеродром, осум во Бутел, четири во Илинден… Во Охрид е планирана изградба на 132 стана, во Прилеп 113, во Струга 90, во Гостивар 62….
Од вкупно 422 објекти, на 267 (63,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 155 (36,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.