понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од денес затворена за сообраќај делницата од Штип – Запад до клучка Штип – Југ

Од денес затворена за сообраќај делницата од Штип – Запад до клучка Штип – Југ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

СТРАБАГ АГ известува дека почнувајќи од 21.07.2021 година, целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – Запад до клучка Штип – Југ.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести