Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во јануари или февруари идната година во целот ќе се смени системот – и матичните лекари ќе можат да закажуваат пегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите.
Моделот, истакна Филипче, може да се воведе и сега, но тоа нема да биде трајно решение.
Министерот потврди дека не само сега, туку и за време на целиот изминат период додека трае пандемијата, стигнуваат поплаки од граѓаните околу неможноста за реализирање различни клинички прегледи.
-Разговаравме со директорот на радиологија каде што притисокот е најголем, но и со дел од УО на Лекарската комора каде челнуваат матичните лекари. Начелно договоривме менување на моделот – не само специјалистите, туку и матичните лекари да закажуваат пегледи кои сега не можат да ги закажуваат. Целосно следната година ќе се смени сликата. Можеме и сега да интервенираме, но нема да биде трајно решение. Во јануари или февруали кога сите апарати ќе бидат инсталирани, тогаш моделот целосно ќе се воспостави, информира Филипче.