вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од искусен професиналец до гом*арка и оро*пија: Каде “пукна тиквата“ меѓу Јанева и Стефанова?

Од искусен професиналец до гом*арка и оро*пија: Каде “пукна тиквата“ меѓу Јанева и Стефанова?

„Стефанова е иста како и првиот момент кога ја повикав и во овој момент. Ја има целосно мојата доверба во работата, а најповеќе бидејќи се работи за еден искусен професионалец кој поминал многу саати во судница, во разни видови на ситуации кои ги налагале предметите“.

Верувале или не, екс-специјалната јавна обвинителка, а сега осомничена за „Рекет“ пред една година ова го говореше за поранешната колешка Лиле Стефанова.

Да, истата таа Стефанова која на почетокот од 2019-та ја нарекуваше „искусен професиналец“, а на почетокот од 2020-та ја почести со зборовите гом*арка и оро*пија.

Гостувањето каде се испофалија една со друга беше, очекувано, на телевизијата на Боки 13, првоосомничен за „Рекет“.

На тогашното прашање на новинарката до Јанева дали се кае што ја ангажирала Стефанова, таа одговори:

-Апсолутно не, напротив, сметам дека мојот избор со секој ден, се повеќе што се работи во СЈО на определени предмети, повеќе сум уверена и јавноста е уверена дека вистински избор сум направила со сите обвинители, не само со специјалната обвинителка Лиле Стефанова, порача тогаш Јанева.

Каде „пукна тиквата“?

Со скандалозно однесување и погрдни зборови поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, ја испрати својата колешка Лиле Стефанова по двочасовното сведочење на судењето за „Рекет“ кое се одржа вчера.

Кога Стефанова се подготвуваше да излезе од судница, Јанева ѝ извика гом*арка и оро*пија.

На овие зборови Јанева веднаш доби опомена од судијката Васка Николовска Масевска, која ги повика полицајците што ја спроведуваат од куќен притвор и нареди таа да биде изнесена од судница.

По ова, видно вознемирена, Катица Јанева застана и пред да излезе од судницата и пред новинарите рече: „Дека ѝ го возев мачето, затоа ли не ѝ чинам?“.

Расплакана и вознемирена Јанева го напушти Кривичниот суд.

Драстичната промена во ставовите на Јанева е симптоматична и мора да се утврди на што истата се однесува.

Дали додека Јанева е обвинета за Рекет се плаши дека Стефанова знае премногу?

„Страв не страв, отидов во емисијата заедно со Јанева“

Обвинителката Лиле Стефанова рече дека немала никаков контакт со Бојан Јовановски сè до еден ден кога била повикана во канцеларијата на Катица Јанева. Таму биле Боки и Гордана Дувњак.

Тие од Стефанова барале да даде изјава за 1ТВ, но таа рекла дека не е подготвена. На тоа Јанева луто ѝ одговорила дека тогаш ќе зборуваат во живо на емисија.

Иако не дала согласност Стефанова се изненадила кога ја видела најавата за емисијата со нејзиното име како гостин.

-Страв не страв отидов во емисијата заедно со Јанева, откри Стефанова.

Станува збор за емисијата „Правда и неправда“ со Гордана Дувњак емитувана лани на 29 јануари, а во која покрај Јанева и Стефанова гостуваше и јавниот обвинител Трајче Пеливанов. Во истата емисија Јанева ја нарече Стефанова искусен професионалец.

Не ги спомна погрдните зборови ниту пак мачето што го возела во автомобил.

Причините за трансформацијата на Јанева се јасни за сите.

Најнови вести