Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапувајќи по добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), поради недеклариран алерген – млечен протеин, од пазарот повлече и нештетно уништи небезбеден производ – путер од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија.
Станува збор за производ со сериски број /лот: LO107, со рок на употреба 01.07.2023 година, од кој во ноември минатата година, со посочениот сериски број/лот, во земјава се увезени 30 парчиња.
-При контролата, утврдено е дека операторот Зегин ДОО, ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот Nature‘s Finest, односно, преостанатите 6 затекнати парчиња биле соодветно повлечени од пазарот и складирани на посебно место во магацин.
Небезбедните производи во присуство на инспектор за храна се нештетно уништени – вели директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.
Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.