Во Грција има информации дека грчкиот електропреносен систем, е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем, сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин, Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел од друга странска држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека на власта и е полна устата со ЕУ, НАТО и Америка, во исто време 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина.
Оттука излага дека на ДУИ и СДС им е важен само профитот, без разлика дали притоа соработуваат со Руси, Американци, Грци или Кинези. Тие имаат една главна звезда водилка во своето делување, а тоа е личниот профит, преку зделки, со тие што ќе понудат највеќе.
Народот е свесен дека оваа криминална власт на ДУИ и СДС, ги продава националните интереси на Македонија, само да приграби што повеќе милиони за себе и своите роднини. Затоа народот на следните избори ќе ги порази, а потоа ќе дојде и одговорноста, подвлекуваат од партијата.