Од утре со програма започнува нов детски канал на Македонската Радио Телевизија. На гледачите и особено на најмладата публика ќе им бидат понудени едукативни и забавни тв содржини како Бушава азбука, Дора, Дајте музика, Си било еднаш и многу други.
Следењето на мислењето и реакциите на јавноста, ја наметна потребата од специјализирани програми наменети за прецизен таргет на публика.
Содржини за деца и млади ќе бидат основа за креирање на програмската шема на Детскиот канал на МРТ.
Современиот пристап во изборот на содржините кои едуцираат, информираат и забавуваат, како и понудата на сите жанрови програма за деца, се гаранција дека Детскиот канал – МРТ 5, ќе има голем број ТВ конзументи од целната група.
Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да го следат новиот Детски канал – МРТ 5, откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите.
Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе ја добијат можноста да го следат Детскиот канал – МРТ 5.
Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат сигналот со антена), за да го следат новиот Детски канал – МРТ 5, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите.
Извор: Press24