Амбасадата на Република Словенија и Земјоделскиот Институт-Скопје во соработка со Општина Гази Баба и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации денеска ќе го одбележат Светскиот ден на пчелата 2023 година
Настанот се одржува по шести пат, во просториите на Земјоделскиот Институт-Скопје.
Целта на настанот е да се подигне свеста кај младите и јавноста за важноста на пчелите и другите опрашувачи за човештвото, во поглед на обезбеденоста со храна и искоренување на гладот на глобално ниво, како и грижата за животната средина и биодиверзитетот.
Словенија, заедно со ФАО, беше клучна во воспоставувањето на Светскиот ден на пчелата како светски ден преку резолуцијата на Генералното собрание на ОН усвоена во 2017 година. Официјалната церемонија за првиот Светски ден на пчелата се одржа во 2018 година во словенечкото село Брезница, родното место на Антон Јанша, пчелар и пионер на модерното пчеларство. Неговиот роденден, 20 мај, беше избран да се одбележува секоја година како Светски ден на пчелите.