Централната манифестација по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај денеска ќе се одржи на Градскиот стадион во Штип.
Припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку повеќе показни вежби.
На одбележувањето на Денот на македонската полиција МВР најави присуство на премиерот Зоран Заев, други владини претставници, пратеници, претставници на дипломатскиот кор во Македонија и други гости.
Вчера во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, езерската полиција и хеликоптерската единица во рамки на одбележувањето на 7 Мај-Денот на македонската полиција, изведоа тактичко-показна вежба со напад на пловен објект поради совладување и лишување од слобода на опасни лица. Во петокот во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и други високи претставници на МВР, показна вежба се одржа и во Скопје.