петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Oдбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Oдбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Во организација на Министерството за надворешни работи, денеска во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје, ќе се одржи комеморативно одбележување на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Домаќин на настанот ќе биде заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a ќе се обратaт и министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи, претседателката на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман-Денковска, амбасадорот на Грција во својство на земја-претседавач со ИХРА, Русос Кондурос, заменик шеф на Мисија во Амбасадата на САД, Ерик Мејер и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин.

По обраќањата на високите гости, како што соопшти МНР, следува панел дискусија на тема „Република Северна Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области”.

На настанот ќе присуствуваат амбасадори и други претставници на дипломатскиот кор, претставници на државните институции и академската заедница.

Најнови вести