Бранителите на обвинетите во “Траекторија” приговараа во врска со лошиот превод на термини во транскриптите на СЈО.
Во текстуалните записи на аудио фајловите, на страница 69 стои терминот “provisional sum”, кој во оригинален превод на македонски значи “провизорен” или “приблежен” износ, а не сума за провизија како што превеле преведувачите на СЈО, реагираше одбраната.
Ставот на адвокатот Еленко Миланов е дека транскриптите мора да бидат со оригинален превод и без грешки, затоа што тие записи се помошна алатка во доказната постапка.