вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одбраната во случајот „Топлик“ на СЈО се сомнева во автентиноста на аудио материјалите, судот не му даде збор на техничкиот советник

Одбраната во случајот „Топлик“ на СЈО се сомнева во автентиноста на аудио материјалите, судот не му даде збор на техничкиот советник

Одбраната во случајот „Топлик“, каде обвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески се сомнева во автентичноста на аудио материјалите со кои се стекнало СЈО.

Поради ова, одбраната на денешното рочиште донесе свој технички советник, Мирослав Котевски, ангажиран за нивни стручни потреби, на кој судијата Осман Шабани не му даде можност да говори.

Па неговите стручни мислења околу прибавените тонски докази ги кажа адвокатот Сања Алексиќ.

-Тонските записи за водење разговори се складираат на систем наменет за легално следење на комуникации во МВР и се презентираат од истиот систем во МВР. Тонските записи од 20 април 2018, се презентирани од медиум кој не е дел од тој примарен систем за легално следење. Што значи дека овие тонски записи се копии. Оттаму автентичноста е дискутабилна и спорна со самиот факт што во судницата се презентираат копии, рече Алексиќ.

Според одбраната веродостојноста на тонските записи се проверува во специјализирани лаборатории за да се утврди нивната целовитост и континуитет.

Предметот се однесува на продажбата на градежна парцела за изградба на комплексот „Сончев град“. За овој случај снимките од прислушуваните телефонски разговори се прифатени како доказ.

Покрај Јанакиески, во случајот се обвинети уште пет лица. Сите се обвинети за злоупотреба на службената положба.

Одбраната во „Топлик“ се сомнева во автентичноста на аудио материјалите со кои се стекнало СЈО.

Најнови вести