Во случајот на СЈО Тенк денеска во кривичен одбраната на обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски, подаде поднесок заедно со докази и писмено известување од друштвото за надворешен и внатрешен промет Аутомакедонија.
Тие бараат од судот да се обезбедат податоци и информации од Аутомакедонија за возило Мерцедес со регистарски таблички ск 039 кс.
Во однос на известувањето од Аутомакедонија од 11 мај 2018, обвинителот Стефчо Донев рече дека доколку одбраната не го предложила овој доказ, тоа ќе го стори обвинителството.
Судијата Добрила Кацарска даде пауза од 20 минути, да одлучи по ова барање на одбраната.