Барам судот да ни овозможи временски простор за да може одбраната да се подготви соодветно за својата одбрана побара денеска адвокатот Еленко Миланов, адвокат на Ангела Ѓорѓиевска (22) обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Пино Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани на главната судска расправа која започна денес во Кривичниот суд, пишува Слободен печат.
Обвинителката во овој случај Лидија Раичевиќ рече дека е неприфатливо таквото барање за државата бидејќи одбраната имала доволно време да се подготви и дека тоа барање оставсло лош впечаток и на штета на обвинетата.
Откако се изјаснија двете страни, судот денеска одлучи почетокот на процесот да биде на 27 овој месец.