петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одложени над 1.700 прегледи на скопските клиники, зголемен број на интервенции во „8 септември“ и старата градска болница

Одложени над 1.700 прегледи на скопските клиники, зголемен број на интервенции во „8 септември“ и старата градска болница

На скопските клиники денес се пропуштаа само возила на Итна медицинска помош, поради безбедносните протоколи за време на посетата на папата Фрањо.

За граѓаните беа достапни Клиниката за детски болести и Клиниката за гинекологија и акушерство. Согласно протоколот за организација на посетата, вработените беа на своите работни места, но третираа само итни случаи. Закажаните прегледи и интервенции беа одложен, објавува Сакам да кажам.

Според податоците од системот Мој термин одложени се 1.736 прегледи и интервенции, кои дополнително ќе бидат презакажани.

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ д-р Христијан Костов рече дека од вчера од 18 часот кога беше ставена забрана за влез во кругот на Скопските клиники до пладне биле прегледани 351 пациенти, а повеќе од половината биле во Ургентниот центар. Тој рече дека медицинските работници во болницата работат со полн капациет согласно препораките од Министерството за здравство, односно дека дел од екипите се зајакнати и дека имаат и екипи што се на повик, доколку има потреба.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Најнови вести