Во следните три до четири недели нема да се одржи судска седница за предметот во кој главен обвинет е Мухамед Зеќири. Кривичниот суд преку соопштение нагласи дека рочиштата ќе се одложат поради, како што велат, дестабилизација на психичката состојба на обвинетиот Мухамед Зеќири.
„До судот е доставено новото вештачење на вештакот – психијатар, според кое поради дестабилизирање на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува судењата да се одложат за следните три до четири недели“, пишува во соопштението на Кривичниот суд.
Судењето за овој случај започна во ноември 2022 година, но оттогаш рочиштата беа неколкупати откажувани и одложувани, главно поради психичката состојба на Зеќири. Инаку, тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за над еден милион евра.