среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петров: Одлуката на Уставниот суд ќе го зацврсти ставот за бојкотирање

Петров: Одлуката на Уставниот суд ќе го зацврсти ставот за бојкотирање

Одлуката на Уставниот суд за нас не е прифатлива, вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, откако со 7 гласа „за“ и два „против“ судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот, пренесува Република.

Според Петров, очигледен бил притисокот што се вршел врз судиите.

-Судиите во расправата беа контрадикторни. Тие отфрлија расправа за договорот со Грција, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за ЕУ и НАТО, туку за договорот* со Грција. Истовремено, се суспендира референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот во апсолутно мнозинство гласаше за самостојна Македонија без додавки и придавки. Судот, за жал, сметаше дека ЕУ не е ниту сојуз за кој треба да се распише референдум- рече Петров.

Одлуката на судот ќе ја зацврсти одлуката на народот, кој ќе бојкотира на 30 септември, оценува Петров.

Најнови вести