Сообраќајот на магистралниот пат А3 „М.Каменица -Делчево“, кај м.в. Илиово, е во прекин во двата правци поради одрон на карпа.
АМСМ информира дека сообраќајот од 21 часот се пренасочува за лесните возила да се движат преку патниот правец Виница- Бигла –Делчево, додека тешките теретни возила исклучиво само преку Берово.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.