понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово

Одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово

Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион вчера, а продолжија и денеска, утрово има нови одрони на регионалниот патен правец Делчево – Пехчево – Берово.

Одрони во моментот се забележливи кај делницата во село Тработивиште, како и на други места долж овој патен правец.

Од подружницата на ЈП ,,Македонија пат” во Делчево изјавија дека се работи за помали одрони, кои редовно се чистат од екипи на претпријатието.

Нивниот апел до возачите на овој патен правец, како и на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани е приспособување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација.

Најнови вести