сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одржана седница на работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот

Одржана седница на работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот

Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот одржа седница на која се дискутираше за Деловникот, методологијата и начинот на работа. Средбите ќе се интензивираат во наредниот период, информираа од Министерството за правда.

Предлагач на уставните измени е Владата која го задолжи Министерството за правда да формира работната група. Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

На работната група не и е даден рок за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот.

Работната група ќе продолжи со работа во четврток.

Најнови вести