Адвокатот на Бојан Јовановски тврди дека е прекршена процедурата при одеземањето на неговата гардероба. Според Дукоски, Боки дел од таа гардероба ја имал уште во 2012 година. Тие во судот презентирале 1650 фотографии кога и каде гардеробата е носена.
-Кој е доказот дека парите во 2017 година ги трошел на купување гардероба и како тоа ќе се темели дека се перени пари? Пола од одземената гардероба на Боки сега ја носат низ Скопје, тврди Дукоски.
Тој се прашува како е можно ЈО да не издаде наредба одземената гардероба да биде предадена во агенцијата за одземен имот и оти не е направена спецификација дали е таа оригинал или не и кога е купена.