петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола: Проблемот со бесплатниот превоз на учениците се уште не е решен, образованието во општината е во тотален хаос

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола: Проблемот со бесплатниот превоз на учениците се уште не е решен, образованието во општината е во тотален хаос

Благодарение на неспособноста и неработењето на локалната власт, предводена од Наташа Петровска, образованието во Општина Битола е во тотален хаос, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Имено, проблемот со бесплатниот превоз на учениците се уште не е решен, па родителите на дел од учениците се приморани самите да ги сносат трошоците, додека останатиот дел на ученици не одат на настава со што е нарушен воспитно-образовниот процес, а притоа се врши притисок врз наставниците да не ги запишуваат за отсутни, со цел да се прикрие реалната состојба. И по една година на власт, ништо од претходно ветеното не е исполнето. Напротив, и она кое што дотогаш го имаа учениците и кое што им е загарантирано со закон го немаат: немаат бесплатен превоз и сеуште немаат учебници по сите предмети. Наместо да ги обезбедат учебниците кои што недостасуваат, на учениците им се наложува да фотокопираат со што повторно се удира по џебот на родителите, истакна Марина Стевковска Јовчева и додаде:

„За социјалдемократите беше важно да се нарачаат целокупните тиражи на учебници кои веќе беа во употреба, а се останати како наследство од претходната влада, а не учебниците кои ги повлекоа уште минатата учебна година. Две години ја замајувавте јавноста со потребата од корекција или отфрлање на постојните учебници од програмата Кембриџ. Дури и власта ја добивте уверувајќи ги учениците, родителите и целата јавност дека програмата е неупотреблива, несоодветна и дека под итно треба да се отстрани од образовниот систем, за сега без срам да ги потврдувате одлуките од претходната влада за набавка на истите учебници против кои галамевте. А, за тоа има и официјални документи, еве ги дописите кои МОН ви ги испрати до градоначалничката и директорите, во кои ја признавате вашата капитулација во однос на водењето на образованието и образовните политики“.

За жал, подвлекуваа таа, од неспособноста за водење на образованието и лицемерието на Наташа Петровска, која и самата доаѓа од тој сектор, жртви се учениците и родителите, но и стотината отпуштени просветни работници, кои беа заменети со помалку квалификувани кадри на социјалдемократите и блиски роднини на Наташа и нејзините соработници.

-После една година во градоначалничката фотелја, една година лаги и манипулации, крајно време е Наташа Петровска да започне да го работи она за што доби мандат од граѓаните.

Најнови вести