Со првата своја изјава, новиот Градоначалник ја потврди вистината што неколку години ја зборувавме! Штип е еден од најнечистите градови во државата! Но, констатацијата дека нашиот град е нечист и дека треба да се посвети внимание на хигиената, наведуваат на некои очигледни работи…
Прво, Градоначалникот не треба да заборава дека во изминатите години ТОЈ беше Советник во Совет на Општина Штип и ТОЈ беше еден од оние кои ја поддржаа метларката од 86.000 евра! Истиот ТОЈ, дозволил да се потрошат минимум 13.719.877 денари за одржување на хигиената во градот, а сега „глуми“ загрижен за нечистотијата околу нас!
Второ, Градоначалникот не треба да заборава дека „неговите“ раководат со градот од 2017 година, што ги прави виновни за состојбата во Штип. Но, сакал или не, со реториката фрла сомнеж врз единството во СДС. Изјавите на новиот Градоначалник покажуваат никулци на раскол и неединство во владеачката партија.
А дали е тоа вистина или не, ќе оставиме да покажат неговите постапки, кои ќе ја искристализираат заматената слика во рамките на партијата.
Центар за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.