сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Околу 1 час се чека на ГП Богородица и ГП Табановце

Околу 1 час се чека на ГП Богородица и ГП Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез се чека околу 1 час, а на ГП Табановце за влез се чека околу 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести