Владата почна постапка за да му го одземе државјанството на Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД.
Онишченко во разговор со „Слободен печат“ кажа дека во неговото државјанство нема измама.
– Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката на Олимписките игри. Ги дадов сите документи при апликацијата, и мојот руски пасош и изводот од матична книга на родените. Имам и руски и украински пасош, јас сум официјално лице, кажа Онишченко за „Слободен печат“.