Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска организира промотивен настан во рамки на проектот „Партнерството помеѓу граѓанските организации ја подобрува довербата на потрошувачите, животната средина и конкуренцијата!“, финансиран од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.
-Целта за организирање на промотивниот настан е презентирање на можноста за сертифицирање и стекнување со сертификатната марка „Фер со потрошувачот“ (Consumer friendly certificate), преку остварување на критериумите во поглед на заштита на потрошувачите и животната средина, соопшти ОПМ.
Проектот се спроведува преку ConWeb – мрежа на национални потрошувачки организации на Југоисточна Европа која ја сочинуваат Центарот за заштита на потрошувачите на Црна Гора, Организацијата на потрошувачите на Македонија и Националната организација на потрошувачите на Србија.